Top Sport

Србија против Црна Гора во осминафиналето!

Ракометарките на Србија го освоија првото место во својата група за да се пласираат во осминафиналето на Светското првенство во ракомет во Германија, каде што ќе се сретнат со Црна Гора.

Србинките во одлучувачкиот меч против Јужна Кореја стигнаа до 33:28 победа, иако во текот на целиот меч имаше израмнета борба. Најдобри кај Србинките беа Дамњановиќ и Поп-Лазиќ со по пет гола, додека Лекиќ имаше четири.

Црна Гора ремизираше против Бразил за да го освои 4. место во групата Б, откако голманката Марина Рајчиќ одбрани клучен удар на 25 секунди пред крајот на натпреварот.

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

Ангола – Парагвај 32:28

Франција – Романија 26:17

Шпанија – Словенија 33:26

ГРУПА Б

Аргентина – Полска 20:38

Чешка Република – Унгарија 29:30

Норвешка – Шведска 28:31

ГРУПА Ц

Јапонија – Тунис 31:13

Бразил – Црна Гора 23:23

Данска – Русија 27:32

ГРУПА Д

Кина – Камерун 26:26

Холандија – Германија 31:23

Србија – Јужна Кореја 33:28

 

1/8 ФИНАЛЕ

Романија – Чешка Република

Франција – Унгарија

Шпанија – Норвешка

Словенија – Шведска

Русија – Јужна Кореја

Данска – Германија

Јапонија – Холандија

Црна Гора – Србија

 

Scroll to Top