Top Sport

Стоилов, Дисингер и Дибиров ќе останат во Вардар

Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов и Кристијан Дисингер ќе останат во Вардар. Претходно одлука да остане во редовите на црвено-црните донесе и Иван Чупиќ, а се очекува во нов договор да потпише и Глеб Калараш.

Михајло Маневски, старо-новиот претседател на Вардар, полека започнува да го формира тимот кој и наредната сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите.

Тројца важни играчи ќе останат во Скопје, двајца од нив имаа важна улога во освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите. За Вардар и наредната сезона ќе играат капитенот Стоилов, левото крило Дибиров, а во Скопје ќе остане и десниот бек Дисингер.

Претходно десното крило Чупиќ објави дека останува во Скопје, а според најавите наскоро нов договор ќе добие и пивотот Калараш.

Scroll to Top