По завршувањето на натпреварите од првата фаза на Европското првенство во Хрватска, ЕХФ подготви видео со петте најубави гола постигнати во групите Ц и Д.
Најубавиот гол во овие групи е дело на Столе Стоилов. Кружниот напаѓач на синоќешниот дуел со Германија со шрауба го погоди голот кој во тие моменти го бранеше Андреас Волф.
Меѓу петте најубави голови е и цепелинот на Лазаров и Талевски на натпреварот со Црна Гора.
Петте најубави гола во групите Ц и Д може да ги погледнете на следниов линк.