По Хрватите и Словенците, проблем со стомачниот вирус на Светското првенство во Египет, пријавија и Данците.
Данска, вечерва, ќе го одигра натпреварот со Хрватска, во последното коло, во втората фаза на СП. Данскиот селектор, Николај Јакобсен, открил дека не знае кои ракометари ќе можат да излезат на теренот. Во неволјата што ги снајде, олеснително за Данците е што веќе имаат изборено пласман во четврт-финалето.
Од изјавата на Јакобсен може да се заклучи дека против Хрватска, сигурно нема да игра најдобриот ракометар, Микел Хансен.
Хансен, поради здравствени проблеми, го пропушти и претходниот натпревар со Јапонија.
„Состојбата на Хансен е таква што сме среќни што почна за зборува. Против Хрватска ќе играат оние кои ќе можат. Доколку некој не се чувствува добро, тој нема да игра. Ќе мора да ја врата силата, за да можат да играат во четврт-финалето“, рекол данскиот селектор.