Top Sport

Стрикото на Борозан: Вуко се чувствува добро

Црногорскиот репрезентативец и ракометар на Вардар Вуко Борозан, синоќа имаше сообраќајна незгода, кога на замрзнатиот пат во близина на својот дом во Цетиње загубил контрола врз автомобилот и излетал од патот.

За среќа Борозан без потешки повреди излегол од сообрќајката, објави порталот „sportklub.rs“, кој ја пренесува изјавата на стрикото на Вуко Борозан, Драган.

„Фала му на Бога. Како можеше да биде Вуко помина одлично. Има повреда на ногата, доби неколку удари во главата. Навистина не знам дали повредата на ногата е сериозна или не, односно дали ќе игра на Европското првенство или не. Но тоа е неважно во однос на она што можеше да се случи. Вуко е голем борец, по несреќата се чувствува добро и ми кажа дека ќе присуствува на доделувањето на наградата за најдобар спортист на Црна Гора“, рекол стрикото Драган.

Дали Борозан ќе игра на континетланиот шампионат кој за три недели ќе започне во Хрватска ќе биде познато откако ќе му бидат извршени деталини медицински прегледи. Првичните информации говорат дека Борозан има повреда на бутниот мускул поради која ќе паузура два месеци.

Црна Гора на Европското првенство ќе игра во групата во Загреб против Македонија, Германија и Словенија.

Scroll to Top