Top Sport

Супер-полувреме за момците против Чешка!

Македонија има водство од 13:11 по првото полувреме од клучниот меч против Чешка, со што имаме одлични шанси да останеме во борба за пласман во полуфиналето по „студениот туш“ од Шпанците.

Со капитенот Кирил Лазаров во тимот, но на клупата, Македонија имаше одличен старт, откако Борко Ристовски беше стабилен на голот, а Филип Миркуловски ја презеде одговорноста и со два гола донесе предност од 4:2. Лазаров се врати во тимот за од пенал да постигне гол за водство од 6:2.

Чесите потоа се враќаат во игра и стигнуваат до 8:6, меѓутоа повторно Ристовски е одличен на голот. До 23. минута ја оддржуваме разликата на +2 (9:7), за во финишот да зголемиме на три разлика, пред Чесите во финишот на полувремето да дојдат повторно на два разлика (13:11).

Scroll to Top