Top Sport

Талески: Една е сликата однадвор, одвнатре е поинаква

Ракометната репрезентација на Македонија, имаше разочарувачки настап на 27 Светско првенство, кое утре ќе заврши во Египет. Македонија, по откажувањето на Чешка, доби можност да настапи на Мундијалот, на крајот заврши на 23 место.

Македонија во Египет одигра шест натпревари, успеа да го победи само Чиле, со што и обезбеди пласман во главната фаза на СП. Болни за Македонија беа поразите од Шведска, Словенија, Египет.

Еден од оние кој претрпе најмногу критики во јавноста беше Филип Талески. Левиот бек на Вардар е свесен дека одиграл далеку под своите можности. Во изјава за МТВ, тој вели дека „критиките секогаш се добредојдени, но некогаш се премногу лични“.

„Јасно ни е дека ракометот е спортот број 1 во Македонија, дека од нас секогаш многу се очекува. Но, јавноста не е доволно запозната со ситуацијата во тимот, хемијата меѓу играчите. Една е сликата однадвор, а поинаква е одвнатре. Време е ние да ја преземеме одговорност, но мора да се сложат о коцките. Треба да почнеме сами од себе, треба да ги решиме „бубачките“ во главите“, рекол Талески и дополнил.

„Убеден сум дека Македонија пак ќе биде горда на ракометарите. Оваа репрезентација има иднина, ќе го покаеме тоа“.

Scroll to Top