Top Sport

Талески: Свесен сум дека сум најомразен ракометар меѓу народот

Репрезентативецот на Македонија во ракомет, Филип Талески, во интервју за емисијата „Бекстејџ“, искрено проговори дека го болат негативните коментари и навреди, кои во последните години, на социјалните мрежи се испраќаат на негова сметка.

„Свесен сум дека сум најомразен ракометар меѓу народот. На моите интервјуа и на моите статии има најмногу омразени коментари. Никој не им забранува на луѓето на коментираат, но на секој треба да му се забрани директно обраќање кон одредена личност. Според мене тоа е недопустливо, секој може да коментира, но јас го имам тој епитет, на моите објави и интервјуа има најмногу навредливи коментари. изјави ракомеатрот на Вардар.

Филип Талески, во кариерата настапувал во Металург и Рајн Некар, неодамна тој го продолжи договорот со Вардар.

Scroll to Top