Top Sport

Талески во родното Крушево се ожени со Ена

Надежта на македонскиот ракомет, Филип Талески во своето родно Крушево се ожени со Ена Секуловска, и најави голема свадба следната година.

22-годишниот поранешен ракометар на Металург, од минатата сезона игра во германскиот гигант Рајн-Некар Левен, а токму во Германија ја запознал својата сопруга, која е Македонка родена во Германија.

Талески за следната година најави свадба, секако по Светското првенство во Германија и Данска, каде што ќе биде клучен член на македонската репрезентација.

Им посакуваме сѐ најдобро.

Scroll to Top