Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на Вардар. Повремениот македонски репрезентативец кој игра на позицијата среден бек ќе го облече „црвено-црниот“ дрес и доаѓа како играч од кого многу се очекува во иднина, играч кој има огромен потенцијал.
Вардар со овој трансфер ја комплетираше позицијата среден бек, каде минатата сезона играа Мартин Карапалевски и Косуке Јасухира. Покрај Танкоски, Вардар, ден претходно потпиша договор со Младен Крсманчиќ.
Танкоски потекнува од Струга, во кариерата играл за екипата на Металург 2, потоа за Металург и по четири сезони поминати во Битола се враќа во Скопје. Зад себе има две титули и еден Куп на Македонија со Еурофарм Пелистер.