Top Sport

Тешка повреда на Андреа Лекиќ

Ракометарките на Србија и Холандија, во овие моненти го играат својот прв натпревар на Европското првенство во Данска.

Холандија предводена од голманката Тес Вестер води по првото полувреме со 15:9.

Првото полувреме мина во сенка на тешката повреда на Андреа Лекиќ. Поранешната ракометарка на Вардар се повреди во финишот на првото полувреме. Таа на носилки беше изнесена од теренот.

Неофицијално, Лекиќ ја скинала Ахиловата тетива. Рехабилитацијата од ваква повреда трае околу девет месеци.

 

Scroll to Top