Top Sport

Тешко прво полувреме, Монпелје е „тврд орев“ за Вардар

Монпелје покажа дека воопшто не е наивен тим и дека не е чудо што е на Ф4 во Келн, откако во првото полувреме го намачи Вардар и замина со три гола предност (14:11), за актуелниот шампион да мора да има многу подобро второ полувреме ако сака да ја брани титулата против Нант.

Нападот на Вардар не функционираше најдобро од стартот, додека од другата страна францускиот тим го имаше расположениот Валентин Порт, кој постигна шест гола против потпросечно слабите Штербик и Милиќ. Иван Чупиќ беше најефикасен за шампионот со четири гола, од кои три од пенал.

Монпејле во текот на целото полувреме водеше со гол-два разлика, за во последните секунди од полувремето да дадат гол од огромна далечина за три предност и најава за тешко второ полувреме за „црвено-црните“. Раул Гонзалес сигурно ќе има што да каже на полувреме.

Scroll to Top