Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва се поразени од Татран Прешов 31:29 во Лигата на шампионите. За екипата од Битола ова беше петтиот пораз во шестиот натпревар сезонава во Лигата на шампионите.
Еурофарм Работник беа целосно рамноправни со искусниот домаќин во првото полувреме. Двата тима по еднаш имаа предност од три гола, а по 30 минути Тратран водеше 15:14.
Периодот во второто полувреме кога Татран со серија од пет гола стекнаа предност од ти гола (27:24) беше клучна за конечниот исход на мечот.
Остроушко со седум, односно Јотиќ со пет беа најефикасни во тимот што го предводи Стевче Алушовски.