Македонија успеа со победа да го стартува своето петто Европско првенство, откако во драматична завршница стигнавме до импресивна 25:24 победа над третопласираните од минатото Светско првенство, Словенците.
По израмнетото прво полувреме, се играше гол-за-гол, и македонскиот тим предводен од фантастичниот Дејан Манасков со осум гола, на крајот остана со повеќе нерви и со повеќе сила стигнавме до посакуваната прва победа за совршен старт на шампионатот.
Сега следува дуелот со Црна Гора во понеделник, и темпото не смее да се намали ниту противникот да се потцени, иако тие загубија во дуелот со едни од фаворитите на шампионатот, Германија, загубија со 32:19. На овој меч, Македонија ќе може практично да го обезбеди пласманот во втората рунда.
Капитенот Кирил Лазаров исто така беше фантастичен со седум постигнати гола и како лидер го предводеше тимот во клучните моменти, а на голот се покажа Никола Митревски. Сепак, крајниот заклучок е дека се одигра тимски, посебно по лошиот старт на натпреварот, по кој не дозволивме да падне ентузијазмот.
Filip Taleski, left back from FYR Macedonia, had this best action against Slovenia.
Have a look! ?? vs ??@rfmhandball @rzs_si #hypnoticgame #ehfeuro2018 #MKDSLO pic.twitter.com/pIG6T6nPqe— EHF EURO (@EHFEURO) January 13, 2018