Top Sport

Вардар 1961 ослабен за натпреварот со Пик Сегед

Вардар 1961, вечерва гостува во Унгарија кај Пик Сегед, во Лигата на шампионите.

Црвено-црните, на домаќинот ќе му се спротивстават без двајца важни играчи. Во Унгарија не отпатуваа Жереми Тоту и Жоел Куни Моралес. Со скратена ротација, Вардар 1961 ќе се обиде да направи изненадување кај Пик Сегед.

Вардар 1961 се наоѓа на шестото место во групата со пет бода. Македонскиот шампион забележа две победи и едно реми во првите три кола, а потоа загуби од Монпелје, Алборг и Кил.

Составот на Вардар 1961 за натпреварот со Пик Сегед:

Scroll to Top