Вкупно 35 екипи доставиле пријава во ЕХФ за настап во ракометната Лига на шампионите во сезоната 2019/2020. Според распоредот во Лигата на шампионите ќе има место за 28 клуба. Македонија наредната сезона сигурно ќе има еден учесник во елитата и тоа во квалитетните групи А и Б, тоа е европскиот првак Вардар.
Покрај Вардар, уште два клуба од Македонија поднеле пријави за настап во Лигата на шампионите, тоа се Металург и Еурофарм Работник.
Планот на ЕХФ е јасен 16 екипи ќе играат во ггрупите А и Б, додека 12 клуба ќе се натпреваруваат во групите Ц и Д.
Вардар е сигурен од Македонија, како и уште 20 шампиони на своите држави. За покана од ЕХФ Металург и Еурофарм Работник ќе имаат жестока конкуренција ГОГ (Данска), Бидасоа Шпанија), Монпелје, Нант, Шамбери (Франција), Кил, Магдебург (Германија), Пик Сегед (Унгарија), Хендбол Еш (Луксембург), Арендал (Норвешка), Висла Плоцк (Полска), Спортинг (Португалија), Кристијанштад (Шведска).
Одлуката кои екипи ќе учествува во Лигата на шампионите наредната сезона ЕХФ ќе ја соопшти на 21 јуни.