Top Sport

Вардар го официјализира трансферот на Де Толедо

Европскиот првак Вардар го потврди трансферот на Бразилецот Хозе Гиљермо Де Толедо (25). Ракометарот што ја покрива позицијата десен бек во Скопје доаѓа од Висла и со „црвено-црните“ потпиша две годишен договор.

Толедо е вториот Бразилец во клупската историја што ќе настапува во дресот на Вардар.

„ Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме уште подобра бековска линија во Вардар. Бразилецот низ своите настапи претходните години покажа дека може да биде корисен во секој тим. Неговата младост и пред се напаѓачки и одбранбени способности секако ќе бидат добредојдени. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата што ќе му биде укажана, и да покаже дека и ние и тој направил одличен избор со доаѓањето во Скопје, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Вардар во пресрет на новата сезона се засили со голманот Артурс Кугис, Сергеј Горпишин, Димитар Димитриоски, Павел Атман и тренерот Давид Писонеро. Договорите со клубот ги продолжија и Сташ Скубе и Калифа Гедбан.

Подготовките за новата сезона Вардар ќе ги започне на јули во Скопје.

Scroll to Top