Top Sport

Вардар лесно до победа во Војводина

РК Вардар стигна до рутинска победа од 36:32 на гостувањето во Нови Сад кај Војводина за да се зацврсти на првото место во регионалната СЕХА лига на една рунда пред крајот на регуларниот дел.

До 16-тата победа оваа сезона во СЕХА, Вардар стигна со „половина“ тим, бидејќи на гостувањето не патуваа Арпад Штербик, Мораеш и Иван Чупиќ, но тоа не пречеше да се стигне до победа со огромен број на голови.

Лука Циндриќ беше најефикасен со 7 голови, додека по пет имаа Македа и Карачиќ. Интересно, само Илија Абутовиќ немаше упатено удар кон голот на противникот.

Во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата на 13 март во Скопје гостува тимот на Нексе. Потоа следува пауза до средината на април кога во Скопје ќе се игра Фајнал 4 турнирот

Војводина – ВАРДАР 32-36 (13-17)

Фото: СЕХА лига

Scroll to Top