Ракометарите на Варда стекнаа предност над Нексе во првиот четврт-финален натпревар во регионалната СЕХА лига. Во Нашице црвен-црните предводени од Тимур Дибиров славеа со 31:30 (15:15).
Вардар долго се мачеше против мотивираниот домаќин на овој меч. Нексе подобро влегоа во натпреварот во 13 минута има предност 8:5, ја оржуваа таа разлика до 27 минута кога црвено-црните израмнија на 13:13. Во последните три минути од првиот дел двата тима постигнаа по два гола и на паузата заминаа со 15:15.
Првото водство на мечот Вардар го имаше во 34 минута (16:17), меѓутоа Нексе ја вратија предноста, а во 43 минута ја забележаа најголемата разлика од четири гола (24:20).
Клучен за натпреварот беше периодот од 46 до 50 минута кога Вардар со серија од четири гола израмни на 26:26.
Во последните десет минути пресуди искуството на актуелните шампиони во СЕХА лигата, инспирираноста на Дибиров и одбраната на Борко Ристовски кој во последната секунда го одбрани шутот на Пешиќ за израмнување.
Вардар на овој меч го предводеше Дибиров со 12 голови. Левото крило не промаши на овој натпревар имаше 8/8 од игра, а четири пати реализираше седмерци. Дибиров го следеа Сташ Скубе со шест, односно Сергеј Горбок и Данил Шишкарев со по четири гола.
Кај Нексе со седум однсно пет гола се искаткаа Живан Пешиќ и Јанко Кевиќ.
Реваншот во Скопје, Вардар и Нексе ќе го одиграат на 15 март.