Top Sport

Вардар прво ќе го пречека Веспрем, потоа ќе гостува во Унгарија

Европската ракометна федерација (ЕХФ) заедно со клубовите ги одредија датумите на одигрувањето на осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите.

Македонскиот претставник, Вардар, во осминафиналето го очекува двомеч со унгарскиот Веспрем. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје, а реваншот во Унгарија.

Според распоредот Веспрем ќе гостува во Скопје на 1 април во 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“. Реваншот е седум дена подоцна, на 8 април во Унгарија исто така во 18.45 часот.

Ракометарите на Вардар го освоија седмото место во А-групата, но поради пандемијата на коронавирусот и неможноста да се одиграат сите натпревари во групната фаза поради ограничувањата за движење во Европа, ЕХФ одлучи сите 16 екипи да играат во осминафиналето.

Фото/rkvardar.mk

Scroll to Top