Top Sport

Вардар се изнамачи против Еурофарм Пелистер 2

Вардар со победа над вториот тим на Еурофарм Пелистер ги започна плејофот во Суперлигата. Попладнево „црвено-црните“ славеа со 34:30.

Вардар не блескаше, не оствари доминација каква се очекуваше, но сепак успеа да ги освои планираните бодови. Комбинираниот состав на Вардар го предводеше репрезентативецот Гоце Георгиевски со 11 гола.

Најефикасен во таборот на Еурофарм Пелистер 2 беше Павле Петровиќ со седум гола.

Вардар во наредното коло ќе гостува во Охрид.

Фото/rkvardar.mk

Scroll to Top