Top Sport

Вардар утревечер ќе го пречека Кил

Ракометарите на Вардар, утре во Скопје, ќе го пречекаат Кил. Против германскиот великан, Вардар ќе се обиде да ја прекине серијата од два порази во Лигата на шампионите. Кил исто така нема победа на последните два натпревари, играчите на Филип Јиха ремизираа со Пик Сегед во Лигата на шампионите и загубија од Магдебург во Бундеслигата.

„Кил ни доаѓа во момент кога не е во најдобра форма и без неколку важни играчи. Тоа малку не оптоварува, сакам Кил да биде комплетен за да може Вардар да го покаже својот квалитет. Со кого и да дојдат тоа е тим кој може да победи секого во Европа. Најважно е Вардар да одигра добро, да го покаже квалитетот“, вели тренерот на вардар Веселин Вујовиќ.

Утрешниот натпревар во „Јане Сандански“ ќе започне во 20.45 часот.

Фото/rkvardar

Scroll to Top