Победничката „турнеја“ на новите европски шампиони во ракомет, РК Вардар продолжува со посета на премиерот Зоран Заев, а потоа следува и посета на Водно, кај претседателот Стево Пендаровски.
„Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт“, напиша премиерот Заев на својата Фејсбук страница.