Хрватскиот весник „Вечерњи лист“, како и поголем дел од регионалните медиуми го прогласија мечот Македонија-Словенија за најинтересниот и најдобриот во првите два дена од Европското првенство во Хрватска, но во исто време беа воодушевени и од убавината на македонските навивачки.
Со наслов „Атрактивните Македонки одземаат здив“, тие посочуваат дека покрај ракометот секогаш одат убави жени, со галерија на македонски навивачки, но и на чирлидерките од Вараждин, каде што вчера се играше натпреварот Данска-Унгарија.