Top Sport

Велковски ќе паузира најмалку шест месеци

Македонскиот вицепрвак Металург до крајот на сезоната ќе биде без услугите на Мартин Велковски. Капитенот на ракометарите од Автокоманда ја скинал Ахиловата тетива.

Велковски, се повреди во саботата, во завршницата на натпреварот во Истанбул против Бешикташ во Лигата на шампионите.

Рехабилитацијата по ваквата повреда трае најмалку шест месеци, што значи дека Велковски би можел да се врати во тимот дури во финишот на сезоната.

Повредата на Велковски му прави проблеми и на селекторот Раул Гонзалес, кој нема да може да смета на овој ракометар на Светското првенство во Германија и Данска.

Scroll to Top