Top Sport

Веспрем и Нант не играа, а освоија по еден бод

Прв пат во историјата на ракометот еден натпревар, со службен резултат, заврши без победник. ЕХФ, реши да им додели по еден бод на Веспрем и Нант, за неодиграниот натпревар во последното коло во Лигата на шампионите.

Веспрем и Нант требаа да играа во вторникот, играчите беа подготвени за натпреварот, кога добија информација дека еден од судиите е позитивен на коронавирусот. Во исто време дуелот помеѓу Алборг и Цеље, ЕХФ го регистрира како победа на тимот од Словенија. Овој меч не се одигра бидејќи Алборг пријави дека неколку играчи биле позитивни на коронавирусот.

Инаку, ЕХФ пред три недлели, донесе помалку и чудна одлука, сите тимови да влезат во нокаут фазата.

Во осмина-финалето ќе играат: Фленсбург-Загреб, ПСЖ-Цеље, Кјелце-Нант, Мешков Брест-Мотор, Порто-Алборг, Пик Сегед-Кил, Вардар-Веспрем и Елверум-Барселона.

Натпреварите ќе се играат од 31.март до 8.април.

Scroll to Top