Вечерва во Келн започнува завршниот турнир во Лигата на шампионите за сезоната 2019/2020. Поради пандемијата на вирусот Ковид-19, ЕХФ во март ја прекина сезоната и реши на завршниот турнир да учестуваат првите два тима од групите А и Б. Со оваа одлука Вардар останаа без шанси да ја брани титулата.
За ракометниот трон, во Ланксес арената во Келн, ќе се борат Кил, Веспрем, Барселона и ПСЖ. Македонски репрезент ќе биде Дејан Манасков кој го носи дресот на Веспрем.
Завршниот турнир ќе го отворат ПСЖ и Барселона од 18 часот, а два и пол часа подоцна ќе започне натпреварот Кил-Веспрем.
Утре во истите термини ќе се одиграат натпреварот за третото место и големото финале.