Top Sport

Веспрем со нов пораз во ЛШ

Унгарскиот гигант Веспрем го доживеа вториот пораз во третиот меч од Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај поранешниот европски првак, Монпелје загуби со 23:18 (11:10).

Минатогодишниот финалист од ЛШ, Веспрем, минатата недела загуби дома од Кил со високи 31:37, и сега се шести во групата Б, кадешто лидер е Вардар со максимални 6 поени, пред Кил со 5 и Монпелје и Порто со 4.

Мелвин Ришардсон ги предводеше Монпелје со 8 постигнати голови, додека по три имаа Петерсон, Дуерте и Деска, додека за Веспрем, Петар Ненадиќ имаше четири голови, а нашиот Дејан Манасков не успеа да постигне гол во два обиди.

Во другите мечеви, Кадетен ги „растурија“ Чеховски медведи со 32:23 за прва победа оваа сезона во групата Д, додека Висла Плоцк со 36:29 победата над Кристијанштад се доближи на поен до лидерот во групата, Динамо Букурешт.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Висла Плоцк – Кристијанштад 36:29 (19:13)

Кадетен – Чеховски медведи 32:23 (15:10)

Монпелје – Веспрем 23:18 (11:10)

Scroll to Top