Top Sport

(Видео) Кил од -9 до место на завршниот турнир

Германскиот ракометен гигант Кил, со нестварен пресврт успеа да избори пласман на завршниот турнир во Лигата нашампионите.

Кил, во четвртфиналниот реванш на домашен терн, против француски Монпелје успеа да надомести негатива од девет гола и со победата 31:21 се пласираше на завршниот турнир.

Ерик Јохансон го предводеше германскиот тим со осум гола, Никола Билик постигна седум, а Харалд Рајнкинд шест. Сепак херој на Кил е чешкиот голман Томаш Мрква кој во финишот забележа неколку брилијантни интервенции.

Кај Монпелје најдобар беше Лукас Пелас со шест гола.

За европската титула на завршниот турни во Келн ќе се борат Кил, Олборг, Магдебург и Барселона.

Scroll to Top