Општа тепачка го обележа почетокот на плеј-офот од финалната серија во ракометниот шампионат на Србија. Војводина беше домаќин на Партизан, а наместо за мечот повеќе ќе се зборува за општата тепачка што следеше во текот на играта.
Хаосот на теренот настана во 26.минута, кога играчот на Партизан, Вук Лазовиќ, насилнички стартуваше врз Тунижанецот, Мохамед Азиз.
Ракометарите на Војводина веднаш тргнаа да се пресметаат со Лазовиќ. Започна општа тепачка во која учествуваа речиси сите ракометари на двете екипи, која траеше долго.
Натпреварот во тој момент беше прекинат. На крајот, Лазовиќ доби црвен картон, а левото крило на гостите Борис Радивојевиќ заработи син картон и сигурно ќе биде суспендиран на најмалку еден натпревар. Во соблекувалната мораше да оди и тренерот на Војводина, Борис Радивојевиќ.
Син картон доби и словенечкиот дефанзивец од домашниот тим Грегор Оцвирк. Искучен беше и првиот асистент на тренерот на Партизан Петар Жујовиќ.
По консултациите меѓу судиите, делегатите и челниците на двата клуба, натпреварот продолжи…
Што се однесува до самиот натпревар, по пауза и две продолженија, Војводина победи со 32:28 за предност во серијата со 1-0, реваншот е закажан за 25 мај. За титулата се потребни две победи.
— Ricardo Kaka (@rikardons) May 21, 2023