Top Sport

„Вујо мајсторе“: Тактиката на Червар „7 на 6“ е самоубиство

Една недела по завршувањето на Светското првенство во ракомет, кое заврши со триумф на Данска, Веселин Вујовиќ, повторно го критикува Лино Червар селекторот на хрватската репрезентација. Хрватска го освои шестото место, откако поради сензационалниот пораз од Бразил остана без шанси да игра во полу-финалето.

„Неверојатен критериум имаат во Хрватска. Голужа замина како селектор што освојуваше медали, но тоа не беше доволно. Бабиќ во Полска освои медал, се славеше како дури и на плоштадот Бан Челачиќ, а по четвртото место на СП доби отказ. А што се случува сега? Червар беше петти на ЕП и шести на СП и некој ќе каже дека тоа биле целите. Феноменални резултати? Како сето тоа зависи од тренер до тренер…Лино играше „7 на 6“ со Бразил и поради тоа го загуби мечот. Чекајте дали вие имате стратегија или не?“, рекол Вујовиќ.

Поранешниот тренер на Вардар, во 2017 година со Словенија успеа да го освои бронзениот медал на СП. Во борбата за третото место Словенците со страшен пресврт ја победија Хрватска.

Сега стратегот на Словенците објаснува зошто играта на Хрватска со седуммина во нападот не функционирала.

„Доколку бековите не можат да се истакнат, тогаш ставаш уште еден играч во нападот, така ќе ја вратиш зоната на противникот на линијата од шест метри. Тогаш главна опција ти се шутевите од бековските позиции, а не како што тоа го правеше Хрватска. Да се игра со двајца пикери и гол да се бара од таа позиција. Тоа е самоубиство. Тогаш двајца пикери прават само поголем метеж. Тоа треба да се укине или да се врати играта со маркер. Ова е недефинирана трка, не ја унапредија играат воопшто, не вратија назад“, заклучил Вујовиќ.

Scroll to Top