Веселин Вујовиќ е еден од омилените ликови на навивачите на Вардар. „Вујо мајсторе“, во интервју за сараевскиот весник „Ослобоџење“, рекол дека сензационалниот успех на Вардар, кога во Келн ја освои европската титула, го спасил македонскиот ракомет.
Вардар, со куп финансики проблеми заминаа на завршниот турнир во Келн, а епилогот е познат, преку Барселона и Веспрем ја освоија втората европска титула во последните три години и втора во клупската историја.
„Ние на оваа тема можеме да говориме само хипотетички. Јас сум шокиран од она што овој спорт може да приреди. Доколу го споредиме со фудбалот, Барселона е екипа на вонземјани. Сега слушаме дека играчите не примиле плата три, шест, па дури и 21 месец. Но колку долго да не примиле плата, да се направи таква хемија, да играш а знаеш дека е крај – тоа е голема работа и изненадување е, но апсолутно е заслужено. Тоа е нешто што го спаси ракометот во Македонија. Да не ја земеа титулата, кој знае што би било. Се појавија сега нови спонзори, Владата реагира, значи позитивно одекна тој успех. Вардар е македонски бренд и Вардар заслужува да го држи приматот“, рекол Вујовиќ.