Веселин Вујовиќ Светското првенство во ракомет внимателно го следи, а впечатоците ги споделува преку колумите што ги пишува за порталот „Index.hr“.
Големо внимание привлече неговата колумна во која напиша дека македонскиот селектор Раул Гонзалес е тактички подобар од хрватскиот предводник Лино Червар. Не мина незабележана ниту колумната во која тој во суперлативи пишуваше за играта на Хрватска, откако тимот на Червар ја победи Шпанија.
Вујовиќ во најновата колумна, во негов стил, без „влакна на јазикот“, на Хрватите им нуди решение како да го спасат ракометот.
Тој пишува дека Хрватите не биле ограбени, туку само оштетени против Германија, односно дека до спорниот момент и пробивањето на Карачиќ, данските судии биле коректни.
„Целиот натпревар го судеа коректно, а потоа намерно згрешија. Доколку ги применее правилата, тогаш немаше д му го судат пробивањето на Карачиќ, туку ќе го исклучеа Виде поради симулирање“, пишува Вујовиќ, а потоа се прашува зошто толку Лино Червар бил толку лут.
„Знаме дека ова што се случи е болно за сите во Хрватска, но не ми е јасно зошто имаше толку кукање и плачење од господинот Червар. Не ми е јасен, ниту е коректен. Имаше случаеви кога други тренери плачеа на одлуки донесени против нив на натпреварите против Хрватска. Тоа тогаш Червар не го болеше“.
Актуелниот селектор на Словенија, на крајот од колумната нуди предлог како Хрватска да се справи со ситуацијата во која се наоѓа.
„Проблемот е во стручниот штаб. За жал обидот со помлад селектор не даде резултат и Сојузот го врати Червар. Хрватска мора да најде млад и стручен човек кој ќе може да го води овој тим, на начин на кој што играчите заслужуваат. Овие момци заслужуваат медали. Имаат мотивација, квалитет, патриотски набој. Ракометарите многу ѝ дадоа на Хрватска но ми се чини дека полека го губат победничкиот менталитет“, заклучил поранешниот тренер на Вардар и еден од најдобрите ракометари во историјата на овој спорт.