Веселин Вујовиќ го започна третиот мандат како тренер ракометниот клуб Вардар. Вујовиќ, на клупата на Вардар, доаѓа на местото на Стевче Алушовски.
„Алушовски одлично си ја заврши работата во Вардар. Јас сакам тој да биде дел од мојот стручен штаб наредната сезона. Сепак тој треба да ја донесе одлуката. Што и да реши јас ќе ја почитувам неговата одлука“, рекол Вујовиќ и потоа ја коментирал изјавата на капитенот Стојанче Стоилов, кој рекол дека Вардар ќе се врати 10 години наназад доколку клубот го смени тренерот Алушовски.
„Столе во таа изјава вели дека сака Алушовски да остане, а не дека не сака јас да дојдам во Вардар. Така јас ја толкувам изјавата, во ниту еден момент не помислив дека е против моето доаѓање. Тој е голем борец, капитен, кој заслужува големо признание за се што направил во кариерата. Неговиот збор мора да се почитува. Сигурен сум дека ќе остане во добри односи со мене. Никогаш не кажал дека е против Вујовиќ“.
Фото/ rkvardar.mk