Top Sport

Вујовиќ: Вардар може да згасне како Кометал

Веселин Вујовиќ, некогаш најдобриот светски ракометар и поранешен тренер на ракометарите на Вардар, гостуваше во серијалот на „Балкан Хендбол“ наречен „Остани дома“. Во претходните епизоди на овој серијал што го покрена уредникот Жика Богдановиќ гости меѓу другите беа Игор Карачиќ и Сташ Скубе.

За македонската јавност особено е интересен делот во кој Вујовиќ или „Вујо-мајсторе“ како што го нарекуваат навивачите на Вардар е делот кога тој зборува за период што го мина во Скопје.

„Еден од моите поубави периоди во животот, иако не мислев дека ќе испадне така, е појот престој во Скопје, натпреварите што ги игравме со Металург, дуелот помеѓу мене и Лино Червар, таа тензија…Тогаш тоа се сметаше за лудило, а денес сите плачат по тие времиња. Вардар потоа стана европски клуб, освои две титули во ЛШ, малку клубови можат да се пофалат со тоа. И сега доаѓааме до тоа дека Вардар може да заврши како Кометал. Тоа е трагедијата на македонскиот ракомет. Човек кој може да го раздвижи сето тоа е Михајло Михајловски“, вели Вујовиќ.

„На Вардар во исто време им се случи добро и зло. Им се случи Самсоненко, вложи пари, импокажа некои европските трендови и потоа ги пушти низ вода. Повеќе ниту еден сериозен европски играч нема да дојде во Вардар. Повторно ќе дојде периодот кога Вујо беше тренер на Вардар кога доаѓаа играчи од Србија, Црна Гора, Хрватска евентуално Словенија или Босна и некој стране од Африка“.

Вујовиќ во интервјуто открива зошто не се вратил во Вардар.

„Пред доаѓањето на Писонеро односно враќањето на Самсоненко, бидејќи тој се појави во финалето кога виде дека ќе ја земат титулата, претходни имаше кренато раце, јас имав договор со Михајло Михајлоски да се вратам во Скопје. На крајот испадна како што испадна, кој може да знае зошто е тоа добро“, вели Вујовиќ.

Погледнете го целото интервју на Вујовиќ за „Балкан Хендбол“.

Scroll to Top