По повод светското ракометно првенство, под кампањата „Голови за победа, голови за радост“, „Спорт Лајф“ организираат хуманитарна акција, наградувајќи го секој гол на македонските ракометари со донација од 2000 денари.
Донацијата ќе ја проследи до Детска здравствена установа, што претставува уште една причина зошто треба да навиваме и да ги бодриме нашите ракометари.
Моменталната состојба на постигнати голови на македонските ракометари и соодветниот износ кој „Спорт Лајф“ ќе го донира, може да се провери на следниот линк.
Во оваа акција, „Спорт Лајф“ како општествено одговорна компанија умешно ги поврзува радоста од успехот во спортот и можноста да се помогне каде е најпотребно.
Тие се единствени кои спроведуваат ваква кампања во моментов и кои ги мотивираат нашите репрезентативци за поголем број на голови и победи.
Затоа сите заедно да навиваме нашите репрезентативци да постигнат што повеќе голови до крајот на првенството, односно до 27.01.2019 година.