Ракометниот клуб ППД Загреб ги одложи активностите во наредниот период. Клубот објави дека двајца играчи биле позитивни на вирусот Ковид-19.
ППД Загреб, потврди дека одложен првиот осмина-финален натпревар против Фленсбург во Лигата на шампионите, кој требаше да се одигра во четврток. Исто така, нема да се одигра ниту натпреварот со Металопластика во СЕХА лигата, на 6.април.