Top Sport

Завршниот турнир за европската титула ќе се игра во август

Пандемијата со вирусот КОВИД-19 предизвика хаос иза целиот свет, една третина од светската популација се наоѓа во изолација. Спортските настани се ставени на „чекање“, не е познато дали воопшто ќе продолжат.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека е можно националните првенства да продолжат на почетокот на јуни, а завршните турнири во европските купови ќе се одиграат кон крајот на август односно почетокот на септември.

Завршниот турнир во Лигата на шампионите, во машка конкуренција, според новиот календар на програмата ќе биде на 22 и 23 август во Келн. Дамите завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе го играат на 5 и 6 септември во Будимпешта.

Scroll to Top