Top Sport

Да внимаваме! Здрахала им донесе на Чесите втора рунда (видео)

Ондреј Здрахала постигна фантастични 14 гола за да ги предводи Чесите до импресивна 33:27 победа над Унгарија за пласман во втората рунда, каде што ќе се еден од нашите противници (покрај Данска и Шпанија).

По катастрофата од 15:32 против Шпанија, сите очекуваа Чесите да бидат меѓу првите репрезентации кои ќе си одат дома. Наместо тоа, тие прво го шокираа олимпискиот шампион Данска, со 28:27, за сега да ја „деконструираат“ Унгарија пред огромниот број на унгарски фанови во Вараждин.

Здрахала е само петти ракометар во историјата со над 14 гола во шампионатот (еден од нив е и сонародникот Филип Јиха). Рекордер останува Норвежанецот Кјетил Странд, кој во 2006 за Норвеѓка постигна 19 гола против Исланд.

Scroll to Top