Top Sport

Зеленортските острови се повлекоа од СП

Ракометната репрезентација на Зеленортските острови се повлече од Светското првенство во Египет.

Зеленортските острови, вчера со службен резултат го загубија дуелот со Германија, бидејќи немаа десет играчи и голман за да можат да се појават на теренот. Ден пред натпреварот двајца репрезентативци на оваа африканска земја беа позитивни на коронавирусот.

Тие се обиделе но не успеале да донесат замени во пресрет на натпреварот со Уругвај, поради што се повлекоа од шампионатот.

Инаку Зеленортските острови, добија можност да светските првенства, откако Сенегал го откажа својот настап.

Scroll to Top