Македонската ракометна репрезентација има сериозни ривали во обидот да добие специјална покана за учество на Светското првенство во Египет.
Поради коронавирусот ЕХФ објави дека нема да се играат баражите за пласман на СП. Македонија за противник во баражот ја имаше Франција.
Според Светската ракометна федерација досега се познати имињата на 28 репрезентации кои ќе играат на СП. Од Европа тоа се: Данска, Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.
Треба да бидат поделени и четири специјални покани за да биде комплетирана листата на учесници. Дев од тие четири покани се наменети за репрезентации од Европа.
Македонија ќе побара да добие една од поканите, а конкуренти ќе и бидат Русија, Србија, Црна Гора и Полска.