Top Sport

ЖРК Вардар: Мечот со Ларвик подготовка за гостувањето кај ФТЦ

Ракометарките на Вардар в сабота продолжуваат со натпреварите во Лигата на шампионките. Во Скопје ќе гостува Ларвик, екипа која „црвено-црните“ на 21 октомври ја совладаа во Норвешка со 31:19.

„Тие се млада екипа која е во фаза на смена на генерации, но тоа не значи дека натпреварот ќе биде лесен натпревар. Имаат млади добри ракометарки, традиционално добро ги играат контранападите. На првиот меч во натпреварот имавме проблеми поради нашите грешки, тоа ќе треба да го подобриме“, изјави на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.

Вардарки во првите три кола имаат исто толку победи, а целта е првата фаза во Лигата на шампионките да ја завршат со максимален ефект.

„Сакаме да продолжиме со ваквиот однос кон играта и со победите до крајот. Драго ми што кон секој противник имаме максимално сериозен пристап. Тренираме добро, знаеме која е нашата цел. Сигурна сум дека в сабота нема да биде лесен натпревар. Ларвик е тим кој игра сите 60 минути без оглед на тоа каков е резултатот. Тоа се млади ракометарки кои имаат желба да се докажат. Мора да имаме максимален пристап во одбраната која ќе ни овозможи да постигнуваме лесни голови од транзиција. Сигурна сум дека на овој натпревар ќе пробаме некои варијанти за мечот кај Ференцваршош наредната недела. Тоа ни е првата цел да победиме и таму и без пораз да ја завршиме првата фаза“, изјави капитенот на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ.

Натпреварот ЖРК Вардар-Ларвик в сабота се игра во СЦ Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.

Scroll to Top