Ракометарките на Вардар со максимални шест победи ја завршија првата фаза во Лигата на шампионите. Вечерва во Скоје, ЖРК Вардар го совлада германски Турингер со 29:21(12:12).
Вицешампионките на Европа рутински со половина од силите излегоа на крај со Турингер кој во Скопје допатува со девет ракометарки, од нив две голманки.
Вардарки во периодот од деветтата до 21 минута создадоа предност од четири гола, а кога Ирина Дибирова реши малку да ја „измеша“ поставата Турингер успеа да фати приклучок и на полувреме да има ветувачки 12:12.
Во вториот дел гостинскиот тренер во нападот започна да форсира игра „седум на шест“, но таквиот пристам му нанесе штета на неговиот тим, вардарки постигнаа неколку лесно гола и експресно се „одлепија“ најпрвин а 20:14, а на половина од вториот дел и 23:15.
Тука и доколку иамше некакви дилеми дека Турингер може да приреди некаква сензација беа отсранети сите дилеми. До крајот мечот Вардар два пати имаше и двоцифрена предност, а конечниот резултат 29:21 е идентичен на оној од првото соочување помеѓу двата тима во Германија.
Лакрабер со седум и Радичевиќ со шест гола беа најефикасни во редовите на ЖРК Вардар, додека со шест гола наефикасна кај Турингер беше Лузумова 6, а одличен настап имаше и голманката Краузе со девет одбрани.
ЖРК Вардар е единствениот тим кој првата фаза ја заврши со максимални победи и во втората фаза која ќе стартува во јануари ќе пренесе осум бода.