Top Sport

ФИФА ги казни Данците за непочитување на химната и за сексистички банер

ФИФА одлучи да ја казни Данската фудбалска асоцијација со 20.400 долари за проблемите со публиката и покажувањето на сексистички банер на мечот со Австралија, кој заврши со 1:1.

Според ФИФА, данските навивачи фрлале со објекти кон навивачите на Австралија во мечот, кој заврши 1:1 во четвртокот во Самара, а исто така Данска не го почитувала протоколот пред мечот, односно данските навивачи ја свиркале химната на Австралија.

Данска е на второто место во групата Ц со два поени помалку од лидерите Франција, но три повече пред третопласираните Австралијци. Во последниот меч Данска игра со Франција, а Перу со Австралија.

Scroll to Top