Top Sport

Интер и финалињата на СП, „тајна врска“ која трае 36 години

Фудбалскиот клуб Интер има со што да се пофали, во моментот, кога светот, го дозна името на втората репрезентација што избори пласмна на Светското првенство.

Интер е единствениот клуб во светот што имал свој фудбалер во секое финале на светските првенства одиграно од 1982 година досега.

Џузепе Бергоми играше за Италија во 1982 година, Карл-Хајнц Румениге четири години подоцна беше дел од германската репрезентација, а во 1990 година тимот од „Џузепе Меаца“ го претставуваа Германеците Јирген Клинсман и Андреас Бреме.

nter

На СП во 1994 година боите на Италија го бранеше Никола Берти, а потоа на две светски првенства, во 1998 и 2002 година, дел од финалињата беше Бразилецот Роналдо. Во 2006 година, не само што играѓе, туку и го обележа финалето, Марко Матераци.

Во Јужна Африка, во 2010 година, претставник на интер беше Весли Снајдер, а четири години подоцна во Бразил играше напаѓачот од Аргентина Родриго паласио.

Оваа година, в недела, во Москва, Интер ќе има двајца играчи во финалето, Хрватите Иван перишиќ и Марцело Брозовиќ.

Scroll to Top