Top Sport

Алкараз: Сонот ми се оствари, а Ѓоковиќ беше мојата инспирација

Карлос Алкараз денеска стави крај на доминацијата на Новак Ѓоковиќ на Вимблдон. Младиот Шпанец победи во финалето со 3:2 во сетови и првпат стигна до титулата во Лондон.

Алкараз има само 20 години, а веќе има освоено два гренслем турнири во две одиграни финалиња во кариерата. Минатата година беше најдобар на УС Опен.

„Сонот се оствари. Одлично е да се победи, но и да загубив ќе бев горд на себе. Напишав историја, го одиграв финалето против легендата на нашиот спорт, тоа е неверојатно. Горд сум на себе и на тимот кој го имам, трудот што го вложуваме секој ден за да доживееме вакво нешто. По првиот сет помислив „Карлос, мора да ја подигнеш својата игра за сите, тие ќе бидат разочарани. Морам да му честитам и на Новак – многу ме инспирираш, почнав да играм тенис гледајќи те тебе. Кога се родив, ти веќе беше победник. Не очекував да играм на ова ниво, славев во Квинс, па еве… Брзо учам“, изјави првиот тенисер на светот по триумфот на Вимблдон.

Scroll to Top