Трикратниот Мото ГП шампион Хорхе Лоренцо најверојатно ќе мора да прифати драстично намалување на неговата плата доколку сака да остане во Дукати и во 2019 година, предупреди спортскиот директор на тимот, Пало Чабати.

Дукати јавно искажаа интерес да ги заддржат Лоренцо и Андреа Довициозо по истекот на договорот на крајот на сезоната, но нивната ситуација сега е сменета. Основната плата на Довициозо од 2 милиони евра беше договорена пред тој да победи за Дукати, додека Лоренцо минатата година беше привлечен со плата од 12 милиони евра, но имаше големи проблеми со навикнувањето на Десмоседичи мотоциклот. Довициозо стигна до седум победи минатата сезона и беше најсериозен конкурент на Марк Маркез за титулата.

„Намерата е двајцата возачи да останат во тимот, но има економски граници кои нема да ги поминеме. Ќе разговараме со нашите спонзори бидејќи ‘Телеком Италија’ реши да не напушти и ќе знаеме колку пари ќе имаме за трошење. Сега имаме различна ситуација од 2016. Кога го донесовме Хорхе, тој имаше значителна понуда од Јамаха за уште две години и беше светски шампион. Не верувам дека можеме да му ги дадеме истите пари како кога дојде во тимот. Од друга страна Андреа мора да биде награден за 2017“, објаснува Чабати.