Top Sport

Роналдо ги сруши „принцовите“ во Мадрид, Сане и Ливерпул го казнија Порто (видео)

Кристијано Роналдо го постигна својот 100. и 101. гол во Лигата на шампионите, за на актуелните шампиони Реал Мадрид да им помогне да стигнат до важна 3:1 победа над „фудбалските милионери“, тимот на Пари Сен-Жермен, кој ќе очекува подобра реализација на „Паркот на принцовите“.

Во меч во кој двата тима не „даваа“ многу од својот посет на топката, ПСЖ и посебно Нејмар, играчот околу кој има толку шпекулации за преселба во Мадрид, покажаа дека се одличен тим кој може да се носи со најголемите.

Нејмар во 33. минута го намести голот на Адриен Рабио, и кога се очекуваше дека полувремето ќе заврши со заслужена предност, Кристијано Роналдо во 45. минута израмни со гол од оправдано досуден пенал. Ова беше јубилеен 100. гол во и така неверојатната кариера на Португалецот.

Кога беше најпотребно, Роналдо повторно се најде на вистинското место по додавањето на Иско во 83. минута, а падот во концентрацијата на гостите го искористи и Марсело само три минути подоцна за на Зинедан Зидан да му обезбеди победа по која полесно се дише, и покрај тешкото гостување во Париз.

Додека во Мадрид имаше надигрување, во Португалија играше само еден тим. Ливерпул го „уништи“ Порто на „Драгао“ со фантастични 0:5, доминирајќи во нападот благодарение на хет-трикот гола на Садио Мане.

„Блицот“ на Ливерпул се случи во неполни пет минути во првото полувреме, кога прво Сане, а потоа и Мо Салах успеаја да совладаат Жозе Са. Мане погоди и во 53. минута за недостижна предност, а потоа Фирмино, кој му асистираше на Мане за вториот гол, во 70. минута да зголеми на 0:4, пред Мане да го комплетира хет-трикот во 85. минута.

По ремито на Тотенхем против Ливерпул и „газеењето“ на Базел од страна на Манчестер сити, англиската Премиер лига сега има и трет тим кој е блиску до четврт-финалето.

Scroll to Top