Top Sport

Неверојатниот Леб блиску до водството во Мексико

Дани Сордо (Хјундаи) го очекува тешка борба за победата на Мексиканското рели, откако повратникот во рели шампионатот (ВРЦ), деветкратниот шампион Себастиен Леб стигна до две попладневни етапи за да скокне до второто место.

Леб, кој по авантурите на Дакар релито, оваа сезона се враќа на три релија, ја обезбеди првата етапна победа по Монте Карло во 2015, со најбрзо време на седмата етапа, за уште една победа во следната етапа. Со ова, Французинот го помина колегата од Ситроен, Крис Мик и От Танак во Тојота, за да дојде на само 7.5 секунди од лидерот Сордо. Танак е трет со 11 секунди послабо време.

Четвртото место му припадна на Мик, додека за петтото место се бореа Себастиен Ожие и Андреас Микелсен, пред актуелниот шампион да направи предност од 1.5 секунди пред Норвежанецот.

Лидерот во генерален пласман, Тјери Нојвил немаше најдобар ден – прво имаше проблеми со своето Хјундаи со губењето на притисок на маслото, нешто што се обиде да го реши со отварање на вратата за да добие пристап до рачката зад неговото тркало, пред вратата да му се затвори и да му ја повреди раката. Нојвил е на осмото место по првиот ден.

Фото: ЕПА

Scroll to Top