Враќањето на ривалство меѓу производителите на пневматици во Формула 1 ќе донесе огромни трошоци, но и огромна разлика меѓу болидите, вели тркачкиот менаџер на италијанската компанија Пирели, Марио Изола.

Пирели е единствен снабдувач на гуми во Ф1 по враќањето во шампионатот во 2011 година и имаат договор кој трае до 2019 година. Последен пат имаше повеќе од еден производител на пневматици во 2006 година, последната од ривалството Мишелин-Бриџстоун.

Дури 69.4 отсто од фановите во истражувањето на „Аутоспорт“ би сакале да има враќање на натпреварувањето меѓу снабдувачите на пневматици, но Изола не верува дека тоа ќе се случи.

„Сега имаме поинаква ситуација. Во моментов доставуваме ист продукт на сите тимови, така што сите тимови се на еднакво ниво. Ако се отвори натпреварување, трошоците се зголемуваат, бидејќи е потребно тестирање. Најдобрите тимови ќе имаат најдобри продукти, а тие од средината ќе бидат уште подалеку. Со гумите може да се добие секунда или повеќе по круг, така што се остава простор за поголема разлика меѓу тимовите“, вели Изола.

Нема ризик, нема Формула 1